понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мафијата нервозна: Дончев фатен со мито, Боки 13 под закани за живот откако го спомна Заев

Мафијата нервозна: Дончев фатен со мито, Боки 13 под закани за живот откако го спомна Заев

Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Пред неколку дена на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави НЕТПРЕС.

Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.

-Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција. Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пишува НЕТПРЕС.

Зоран Заев не се огради од Ден Дончев, директорот кој лично го постави на функција, а е фатен со мито.

Името на екс-премиерот често се спомнуваше и за време на најскандалозниот случај во изминатиов период „Рекет“. Беа осудени Бојан Јовановски-Боки 13 и екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На денот на изрекувањето на пресудата, Боки 13 рече дека парите од рекетот треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Вчера Боки 13, на негово барање, даваше исказ во обвинителството. Неговиот адвокат најави дека Јовановски ќе поднесе низа кривични пријави и дека ќе раскаже што знае. Мафијата стана нервозна по овие најави, па и Бојан и адвокатот станаа мета на силни закани.

Вистинска драма се одвивала вчера во Основното јавно обвинителство додека Бојан Јовановски го давал својот исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта и еден бизнисмен, објавува Инфомакс.

Пред почетокот на сослушувањето од страна на обвинителот, како што дознава „Инфомакс“, лице од непознат за адвокатот на Јовановски, телефонски број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент. Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе требало да внимаваат на своите и животите на нивните семејства.

Случката се одвивала пред обвинителот, а за настанот е составена и белешка која е вметната во кривичната пријава.

Засега не е познат идентитетот на заканувачот.

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“.

Кој се исплаши од најавите на Боки 13? Чиј криминал допрва ќе биде откриен?

Најнови вести