понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мајката на Никола Димитров: Промената на името значи самоликвидација!

Мајката на Никола Димитров: Промената на името значи самоликвидација!

Ратка Димитрова, мајка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, како пратеник во Македонското Собрание, на 7 април 1993, изјавила дека промената на името ќе значи самоликвидација.

-Почитувани пратеници, сега во минута до 12 ни останува да констатираме дека со прифаќањето на овие услови за прием се отвора процес на државна и национална самолкивидација. Од моментот на преименувањето престанува реалноста на РМ. Името е проект. Проектот суверена и самостојна Република Македонија темелно се деструира, рекла Димитрова.

Во стенограмот од седницата, кој може да се најде на следниот линк на страницата на Собранието, Димитрова додава дека барањето за промена на името е кршење на човековите права на Македонците.

Иронијата на историјата ја донесе госпоѓа Димитрова, до тоа нејзиниот син да биде еден од главните актери во промената на името, пишува Лидер.

Најнови вести