По нападот на руските сили врз Украина, се јави страв и кај многумина од граѓаните во земјава.
На социјалните мрежи се појавија фотографии со празни полици со прехранбени производи, и тоа главно леб, брашно, тестенини, пијалоци, вода, но и хигиенски производи.
Еден од нашите сограѓани кој ги споделил овие фотографии, на шега напишал дека го гранатираат Киев, а не Скопје.
Слична состојба со празнење на рафтовите имаше и кога започна корона кризата во земјава, особено кога стартуваа карантините, а граѓаните се плашеа дали ќе има доволно храна поради можното нарушување во синџирите на снабдување.