понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија го чека “последниот воз“: Албанија набави вакцини, а Србија веќе вакцинираше 450.000 лица

Македонија го чека “последниот воз“: Албанија набави вакцини, а Србија веќе вакцинираше 450.000 лица

Република Македонија е единствената држава во регионот, а можеби и во светот која што се уште не започнала со имунизација на населението против коронавирус.

Изминатите месеци здравствените власти и самиот премиер Зоран Заев најавуваа дека првите вакцини само што не пристигнале, а до денешен ден јавноста е сведок дека единствената земја во регионот која се уште нема набавено е Македонија.

Во меѓувреме, ноќеска во Република Албанија пристигна и првата пратка на вакцини набавена дирекно од производителот Фајзер, а по заслуга на албанскиот премиер Еди Рама кој лично отпатува за САД на преговори со производителот и резултатот од истите може да се види на дело, а кај нас остануваат само празните ветувања дека сега само што не пристигнала кинеската вакцина и тоа трае наназад со недели…

Инаку, во Албанија вакцинацијата започна на почетокот на месец јануари, а тогашната вакцина албанскиот премиер Еди Рама ја набави како донација од европска пријателска земја.

Министерот за здравство, Венко Филипче најави и потпиша договор со Бугарија од каде што требаше дел од вакцините кои што ќе ги добијат соседите да и бидат донирани на Македонија, но од тоа и ништо не се оствари. А во меѓувреме на почетокот од годината кога во Албанија пристигна донацијата од вакцини, Рама тогаш во интервју за албански медиум откри дека на Република Македонија од страна на Бугарија и биле понудени 100 дози на вакцини.

-Македонија не започна за жал со вакцинацијата и не е виновна за тоа, Бугарија сè уште не им ја даде донацијата затоа што сакаа да ја искористат, изјави тогаш Рама и додаде дека се работело само за 100 дози донација од Бугарија за Македонија.

Од друга страна пак премиерот Зоран Заев најави дека од Република Србија ќе бидат набавени 8.000 дози од вакцината на Фајзер.

Тогаш Заев истакна дека од Србија ќе пристигнат осум илијади дози како донација, но ние сме биле сериозна држава и истите ќе бидат платени, но и од тоа ништо не се оствари, за да на крај српската премиерка Ана Брнабиќ во телевизиско интервју да открие дека Македонија не била подготвена да ги прими истите.

-Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи, истакна кон средината на месец јануари Брнабиќ.

Во меѓувреме, лидер по вакцинација против коронавирус во регионот е Србија која што заклучно вчерашниот ден вакцинирала дури 450.000 лица од своето население, а и останатите земји околу нас забрзано го имунизираат своето население кое во бројка е во илјадници.

Република Македонија по се изгледа ќе го чека последниот воз, па македонските граѓани се надеваат дека после долгите најави дека само што не пристигнала вакцината конечно оваа недела истите ќе пристигнат во земјата и ќе се стартува со вакцинацијата на населението против корона вирусот.

Најнови вести