Александар Богданов Канджов откако и по втор пат нашата држава го одби за азил, деновиве треба да биде предаден на бугарските власти. Претходно обид за негова екстрадиција имало во ноември мината година кога по интервенција постапката успеале да ја стопират. Неговиот адвокат Трајче Торов, тврди дека тој е институционално киднапиран, па поради тоа државата ја тужат пред судот во Стразбур. Со ова Македонија го прекршува Законот за меѓународна и привремена заштита со што строго е забрането лишување од слобода на барател на азил додека трае постапката. Иако е одбиен, Управната постапка се уште е во тек, категоричен е Торов, објави телевизија Алфа.
-Забрането е на лице кое е во постапка за азил да биде лишено од слобода. Единствено ограничување на слободата е дозволено само преку Прифатен центар за странци каде што се наогаше тој, во Гази Баба и нашите институции институционална го кидапираа. Од прифаниот центар го ставија во екстрадиционен притвор во затворот во Куманово, објаснува штипскиот адвокат Трајче Торов.
Во моментот Канджов има две решенија. Едното за Прифатен центар, а другото за екстрадиционен притвор во Куманово, што е против законски. Државата замижуваа пред доказите за сериозни закани за живот на 51годишниот маж, дека ќе биде ликвидиран од параполициски структури категоричен е штипскиот адвокат кој има добиено над четириесетина пресуди во Стразбур .
-Доколку на ова лице по екстрадицијата му се случи нешто, дали во некој затвор во Бугарија загине од случаен пад се лизне од сапун или изврши самоубиство одпозади, Македонија ќе се соочи со едно од најтешките дела –односно повреда на правото за живот. Македонски институции вршат прогон и не заштитуват борец за правото на македонското малцинство, изјави Трајче Торов.
Поради наводни финансиски малвеерзации во 2013 бугарскиот суд Канджов го осудува 4години затвор , а му определува и условна казна, по што тој пребегува во Македонија, кога во отсуство повторно го судат за други дела. Единствено разумно решение да се екстрадира борецот за човекови права и покрај застареност на извршувањето на дел од казните е додворувањето на Македонија кон Бугарија, образложува Торов.
-Во нивните одлуки нема никакви образложенија. Се води на сила, на брзина , нестручно се со цел да се угоди на моменталната власт во државата, но и во другата држава, вели Торов.
За случајот со Канджов ќе бидат известени Комесаријатот за човекови права, УНХЦР и Комисијата за поддржка на азил. Ова не е прва тужба на 51 годишниот Македонец од Бугарија во Стразбург.