Според податоците на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец.
Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.
Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.
Пожар избувнал и во атарот на село Драгоево во Општина Штип, а според ЦУК, има сознанија и за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.
Огнената стихија на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата. Таму гори мешана шума на доста непристапен терен, па на место на пожарот нема ниту една екипа.
Со воздухоплови е дејствувано кај пожарот во реонот на Катланово, односно на потегот меѓу селата Дивље и месноста Крушје. Пожарот сега се движи кон Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.
Пожар е регистриран на Преслап на Китка, кој со време губи на сила.
На подрачјето на Прилеп се активни два пожари и тоа во атарите на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума, како кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско.
Помали пожари се активни покрај патот Шипковица-Бродец во Тетовско, каде гори сува трева, како и во атарот на кумановското село Романовце, каде е опожарена сува трева.
На територијата на Велес локализиран е пожарот од правец на Крушје кон селото Џидиминци и тој не се шири, додека огнот меѓу селата Иванковци и Мамутчево е изгаснат, откако се опожарени 8 хектари стрништа.