петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија со најниска просечна плата на Балканот, Црна Гора со највисока

Македонија со најниска просечна плата на Балканот, Црна Гора со највисока

Македонија со 550 евра ја има најниската просечна плата од земјите на Балканот. Просечната плата во Црна Гора е највисока и изнесува 757 евра.

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на социјалните мрежи се пофали со резултатите истакнувајќи дека земјата е на вистинскиот пат, а програмата ги дава посакуваните резултати.

Во Србија просечната плата изнесува 706 евра, додека во Босна и Херцеговина 617 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари.

Најнови вести