сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија во најцрната статистика: Втори сме по смртност од коронавирус во регионот

Македонија во најцрната статистика: Втори сме по смртност од коронавирус во регионот

Македонија и денес е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и мртви од коронавирусот.

Меѓу земјите од регионот, само Словенија има поцрни бројки.

По број на мртви на еден милион жители, Македонија бележи 17, а Словенија 24. Сите останати земји имаат помал црн биланс од нашиот.

Имено, оваа бројка во Турција изнесува 13, во БиХ е 11.

Грција има 9 мртви на еден милион жители, а Албанија и Србија по 8. Следуваат  Хрватска со 5,  Бугарија со 4 и Црна Гора 3.

Ова е листата на заразени граѓани на еден милион жители:

Турција 619

Словенија 571

Црна Гора 425

Србија 387

Хрватска 374

Македонија 365

БиХ 297

Грција 200

Албанија 150

Бугарија 96

Колку тестови се направени на еден милион жители?

Словенија 16489

Црна Гора 4568

Турција 4036

Хрватска 3822

Македонија 3673

Грција 3583

Бугарија 2663

БиХ 2106

Србија 1877

Албанија 1266.

Најнови вести