Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Македонија, информираат од Министерството за здравство.
Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата на Република Македонија.