Детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2, според анализите што денеска ги направи МАНУ, на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, информираат од Министерството за здравство.
Дополнуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пациент, кој, исто така, патувал за Занзибар.
Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.