понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маневски: Законот за двојазичност е донесен во една неделовничка, незаконска и неуставна процедура

Како докажан експерт по право, Маневски децидно рече дека во Уставот, Деловникот на Собранието и Законот за Собрание се содржани одредби каде што им даваат право на Претседателот на Републиката да не го потпише указот за донесување на законското решение и истиот тој закон може да се врати на повторно разгледување во Собранието при што пратениците можат да поднесат имаат право да поднесат амандмани само за забелешките укажани од претседателот на државата.
Маневски: Законот за двојазичност е донесен во една неделовничка, незаконска и неуставна процедура

Овој закон за употреба на јазиците во последните два три дена од кога е условно изгласан во Собранието на Република Македонија, предизвика големи реакции во јавноста. Причина за тоа е што парламентарното мнозинство во Собранието врши едно насилие врз граѓаните на Република Македонија и нивните права, рече поранешниот министер за правда Михајло Маневски во неговото гостување во Алфаскоп на ТВ Алфа.

Маневски истакна дека голем број на експерти, правници и интелектуалци се изјасниле дека законот е неуставен и дека законот е донесен во една неделовничка  процедура со грубо кршење на основните процедури од страна на претседателот Талат Џафери.

Како докажан експерт по право, Маневски децидно рече дека во Уставот, Деловникот на Собранието и Законот за Собрание се содржани одредби каде што им даваат право на Претседателот на Републиката да не го потпише указот за донесување на законското решение и истиот тој закон може да се врати на повторно разгледување во Собранието при што пратениците можат да поднесат имаат право да поднесат амандмани само за забелешките укажани од претседателот на државата.

Членот 75, став 2 од Уставот на Република Македонија вели дека: Претседателот на Републиката  може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Во таков случај Собранието повторно го разгледува законот.

Во Деловникот за работа на Собранието во член 73, став 1. Се наведува дека Претседателот на Собранието веднаш по донесување на законот го доставува до Претседателот  на Републиката да го потпиши законот. Но, став 2 од истиот член говори дека доколку Претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот Собранието повторно го разгледува законот, во фаза на трето читање и тоа во рок пропишан од 30 дена. И во став 3 од истата одредба се наведува дека во повторното разгледување на законот амандмани можат да се поднесуваат во врска само со укажувањата на Претседателот на Републиката.

Во членот 38, став 3 од Законот за Собранието  говори дека Претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот,  Собранието повторно го разгледува законот согласно 30 дена од денот на донесувањето на законот. Во став 4 од овој закон се вели дека амандмани  можат да се поднесуваат само во врска само со укажувањата на Претседателот на Републиката.

Според Маневски ништо од ова не се почитувало, како што рече претседателот на државата од 25 член во законот, ставил 19 забелешки за тоа дека одредбите не соодејствуваат со Уставот на Република Македонија и треба да се преиспитаат.

Маневски додаде дека за овој закон за употреба на албанскиот јазик воопшто не се водела собраниска расправа. Според него законот немал потреба од европското знаменце бидејќи во него не се содржала ниту една европска регулатива ниту европска директива, а тоа го потврдил и еврокомесарот Хан и францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние.

Најнови вести