понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојлоски: Анѓушев да одговори колкава е реалната вредност на неговата фирма, а колкава е вредноста за која преговара со грчкото електростопанство

Манојлоски: Анѓушев да одговори колкава е реалната вредност на неговата фирма, а колкава е вредноста за која преговара со грчкото електростопанство

Кочо Анѓушев не е само бизнисмен, туку истовремено е и бизнисмен и втор човек во Владата на Република Македонија. Не е проблем ако Кочо Анѓушев одлучи да го продава скапото Масерати кое го проценил на 60.000 евра. Проблем станува ако истото го продаде за 6 милиони евра. Тогаш јавноста со право би била загрижена што се крие зад мотивот и кои се интересите некој да го плати неговиот автомобил 10 пати повеќе над реалната цена. Дали парите кои би биле исплатени за Масератито би биле компензација за нешто друго и на тој начин би биле исплатени услугите кои би ги направил вицепремиерот, истакна Горан Манојлоски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, додаде тој, сериозна е темата со продажбата на неговата компанија на грчкото електростопанство.

-Анѓушев е должен да и одговори на јавноста колкава е реалната вредност на неговата фирма, а колкава е вредноста за која преговара со грчкото електростопанство. Дали евентуалната разлика од реалната и продажната вредност е некаков надомест за туркање на извесни интереси на грчките купувачи во момент кога преговорите околу проблемот кој што го има соседна Грција со нашето име се во деликатна фаза. Доколку се погледне во анкетниот лист на господинот Анѓушев, ќе видиме дека тој неговата фирма ја проценил на 21 милион евра. Дали е ова цената за која ќе се продаде неговата фирма или се преговара за некоја повисока цена, запраша Манојлоски и додаде:

„Кочо Анѓушев треба на јавноста да и даде конкретни одговори, а не да се крие зад партиските соопштенија на СДСМ. Анѓушев не е обичен бизнисмен кој може да работи што сака без тоа да биде транспарентно. Анѓушев е исклучително влијателен во владата како десна рака на Зоран Заев. Токму затоа граѓаните мошне внимателно ги следат неговите изјави. Загрижува фактот што набргу по изјавата на Анѓушев дека за него е прифатливо и Горна и Северна и Нова Македонија, како решение за името, неговата фирма стана предмет на интерес на грчкото електростопанство. Информација која беше потврдена од неговата фирма. Анѓушев треба да престане да се крие зад партиските памфлети на СДСМ и час поскори да и даде информација на јавноста“.

Граѓаните, подвлече тој, се вознемирени што ваквата продажба на фирмата на Анѓушев доаѓа во период кога Зоран Заев е убеден  дека ќе дојде до решавање на спорот за името со Грција, а лично Анѓушев, од позиција на вицепремиер лицитира со имиња на државата.

-Државата и националните интереси не смеат да бидат предмет на трговија на еден или друг политички субјект. Граѓаните заслужуваат транспарентна постапка во која ќе бидат навремено и целосно информирани за ова прашање од витално значење за Република Македонија.

Најнови вести