среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Матеј и Тара си заминаа дома, родени се во 29-та гестациска недела: По стресните денови, дојде голема среќа за семејствата (ФОТО)

Матеј и Тара си заминаа дома, родени се во 29-та гестациска недела: По стресните денови, дојде голема среќа за семејствата (ФОТО)

Уште две среќни приказни доаѓаат од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа недела.

По 52 дена дружење со докторите и со сестрите од Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во средата Матеј е испратен дома.

Марта Јолевска го роди во 29-та гестациска недела со само 960 грама, а Матеј си замина од ГАК со 1900 грама.

Вчера пак и малата Тара си отиде дома по 48 дена престој на ОИНТ. Оваа новородено исто така дојде на свет во 29-та гестациска недела, а си замина дома во прегратките на мајка му Назире Селмани со тежина од 1880 грама.

ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје им посакува среќно детство и безброј насмевки да им измамуваат во своите најблиски, велат од клиниката.

Најнови вести