петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус

Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус

Медицинска сестра од детското одделение на велешката болница е заразена со коронавирус. Таа била тестирана вчера, а синоќа стигнал нејзиниот позитивен резултат. Медицинската сестра имала и симптоми на пнеумонија, па веќе е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата.

Од велешката болница ја потврдија информацијата, но велат дека преземени се сите мерки и нема опасност од ширење на заразата во болницата.

-Епидемиолози од Центарот за јавно здравје веќе беа во посета на детското одделение, разговараа и со инфицираната и со сите вработени од одделението и утврдија дека се почитувани сите протоколи, дека сите медицински лица, вклучувајќи ја и инфицираната медицинска сестра, цело време носеле заштитна опрема. Затоа е проценето дека нема потреба никој од останатите вработени или пациенти да оди во изолација, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешка болница.

Според информациите на Батали.нет, медицинската сестра е заразена од веќе постоечки кластер, познат на епидемиолозите.

Најнови вести