петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Медицинските сестри, првиот браник во борбата со Ковид – 19 се најнеплатени и најдеградирани од Филипче

Медицинските сестри, првиот браник во борбата со Ковид – 19 се најнеплатени и најдеградирани од Филипче

Во ек на пандемија со коронавирусот, медицинските сестри се тие кои што се на првата борбена линија во третманот на болните. Тие, преку директен контакт, се грижат за во просек по 15 пациенти. Тие се тие кои што најдиректно се изложени на опасност од зараза од КОВИД-19, затоа што тие преку непосреден контакт, ги третираат заболените и им ја даваат соодветната терапија.

Но, и покрај ваквиот нивен ангажман и изложеност на ризик, вклучително од КОВИД-19, медицинските сестри и средниот технички персонал во македонското здравство се најдеградирани и најмалку неплатени.

Се повеќе расте незадоволството и на медицинските сестри вработени во јавното здравство. Тие работат и по 24 часа на ден, но за тоа им плаќаат само 500 денари. Посебен револт има кај медицинските сестри вработени во комплексот универзитетски клиники „Мајка Тереза“, а особено вработените во Инфективна клиника.

Тие велат дека целиот товар за лекување на пациенти заразени со КОВИД-19 паѓа на медицинските сестри, но нивниот придонес во здравствениот систем не е ни запишан ниту на хартија.

Медицинските сестри се жалат дека имаат премногу обврски и одговорности или никаде докази на крајот од денот никој не го прифаќа тој нивен придонес. Тие додаваат и дека не им е исплатен трудот кој што го вложуваат особено со дваесет и четиричасовното дежурство, за што тие добиваат надомест од само 500 денари.

Освен ова, среде пандемија во Македонија имавме медински сестри кои што работат за 12 илјади денари плата, која е далеку дури и од законскиот минималец од скоро 15 илјади денари.

Во однос на платата на медицинските сестри, Гордана Бишлиоска од здружението на медицински лица, вели дека сестрите со средна стручна спрема во примарното здравство во услови на пандемија со триесет годишно искуство земаат од 19.000 до 20.000 денари плата, како и дека има медицински сестри кои веќе 7, 8 години работат по договор на дело за 12.000 до 13.000 денари месечна плата без да им се платени други придонеси.

Додека притисокот врз здравствениот систем се повеќе и повеќе расте, а болниците се преполни со пациенти а при тоа, целокупниот медицински карад е исцрпен, медицинските сестри, за мизерна плата без никаква мотивација, се грижат за по 15 до 16 заболени пациенти.

А, од друга страна, податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во државава, од крајот на октомври на листата на чекање за вработување се 939 медицински техничари, 873 општи медицински сестри, 13 медицински сестри со виша школа, како и 23 медицински со виша школа и 11 високостручни медицински сестри, 4 медицински сестри специјализирани за интензивна нега. Меѓу невработените медицински сестри има 150 бабици и 35 педагошки медицински сестри.

Власта и министерот за здравство, Венко Филипче на целава ситуација мижат очи, и наместо да вработат стручен медицински персонал, објавуваат огласи за државни службеници, а од друга страна пак најавуваат ангажирање на средношколците по медицина.

Покрај ова, тие се разочарани од целокупниот однос кон нив. Чашата на нивниот револт се прелија пред некое време, со оставка на главната сестра и нејзините две колешки од Инфективната клиника во Скопје. Вработените во оваа клиника се жалат дека работат за мизерна плата и се најилзожени на опасност а и дека цеколкупниот третман на пациентите го прават сестрите.

Деградирањето на медицинските сестри од страна на владините преставници кога на крајот на минатиот месец беше доделена наградата „13 Ноември“ за тимот кој во Македонија ја изврши првата трансплатација на срце. Наградата беше доделена само на тимот доктори, при што ги заборавија сестрите, а сестрите се исто така дел од тимот кој успешно ја изврши транспантацијата. Но актуелната власт нема да своја ако, не деградира и дискриминира некој, во случајов сестрите.

„Неколегијално и непрофесионално е да се одликува тимот тимот кој ја извршил првата трансплатација на срце за награда „13 Ноември“ без медицинските сестри, реагираше тогаш Унијата на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, која е разочарана од одлуката на надлежната комисија за градската награда „13 Ноември“ ова признание да се додели само на лекарскиот тим, а не и на медицинските сестри кои учествувале во историскиот зафат.

Најнови вести