среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Метлата на Заев ќе ги опфати Шекеринска и Анѓушев, можен на удар е и Шилегов?!

Метлата на Заев ќе ги опфати Шекеринска и Анѓушев, можен на удар е и Шилегов?!

Премиерот Зоран Заев, по лошите изборни резултати, најави чистка кај функционерите. Сепак, остана отворено прашањето кого ќе опфати метлата на Заев.

Јавноста постојано дава прогнози за имиња кои би требале да сносат одговорност, а најгласни се барањата чистката да почне од блиските на Заев, министри во крупни ресори.

Во кулоарите кружат информации дека Заев со метлата ќе ја потфати Радмила Шеќеринска. Таа е негов заменик на функцијата претседател на СДСМ, а на местото министер за одбрана, не покажа никакви резултати.

Според информациите, Заев планира Шекеринска да му остане поддршка на Бихаќка, но не и во Владата. Се очекува откако ќе остане без функција министер, таа да  биде концентрирана само на својата партиска функција во СДСМ.

СДСМ како партија која предмалку се соочи со слабата поддршка, допрва треба да повлекува потези, прво во сопствените партиски редови. Враќањето на Шекеринска, Заев го гледа како “стегање на обрачот“ околу оние кои раководеа со партијата додека челниците седнаа на столчиња во Влада.

Следен на удар се очекува да биде Кочо Анѓушев. Овој министер својот досегашен мандат го одбележа со низа скандали. Резултати од неговата работа речиси и да нема, а доделен му е значаен сектор. Од таму е разбирлив револтот кај граѓаните кои постојано бараат одговорност и повлекување на Анѓушев од функцијата.

Бидејќи и од министерската позиција единственото што го покажа е како да оствари лична корист, Анѓушев откако ќе биде “изметен“, се очекува да си се врати во бизнис секторот.

Еден од ударите кои Заев најтешко ги поднесе е поразот во скопските општини со кој се соочи на претседателските избори.

Сигурно е свесен дека незадоволството кај скопјани се должи во најголема рака на неработата на Шилегов.

Од таму оправдани се очекувањата дека ако Заев почне да мете кај градоначалниците, Шилегов би требало да биде прв на “удар“.

Најнови вести