сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Апелирам Заев и Џафери сериозно да ги сфаќаат седниците за поставување на пратенички прашања

Мицевски: Апелирам Заев и Џафери сериозно да ги сфаќаат седниците за поставување на пратенички прашања

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  на денешната седница во Собранието за пратенички прашања рече дека денешната седница за пратенички прашања е алатка на пратениците да можат прашањата или барањата на граѓаните кои ги застапуваат да бидат поставени директно до министрите, замениците министри, институции до коi треба да се обратат и да добијат одговори на одредени прашања кои ги тангираат граѓаните.

-Денешната седница е закажана на време и сите оние кои треба да присуствуваат на истата ја имаат информацијата. Јас би апелирал до претседателот на Владата, на денешната седница имаме само 6 министри присутни. Од 28 министерства, седницата е посетена од страна на 6 министри, потенцираше координаторот Мицевски.

Мицевски на денешната собраниска седница апелираше до Заев и Џафери сериозно да си ги сфаќаат овие седниците за поставување на пратенички прашања.

 

Најнови вести