Аплаудиравме на завршувањето на една црна ера на политиката во Република Македонија. Аплаудиравме на завршувањето на еден мандат кој што почна скандалозно и заврши на ист начин. Аплаудиравме на завршувањето на најцрните денови на македонската демократија. Аплаудиравме затоа што премиерот Заев немаше храброст да се соочи со пратениците и со јавноста, за да ја образложи својата оставка и да дозволи да пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги одржи пратеничките прашања из заедно со другите пратеници постават прашања по осми пат во 17 месеци од владеењето на оваа Влада, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „24 анализа“.
Мицевски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ аплаудираше затоа што смета дека само на тој начин може да ги поздрави македонските граѓани кои што одлучно на локалните избори ги казнија политиките на СДСМ и на Зоран Заев.
– Аплаузот беше за тоа, впрочем наменет за македонските граѓани, за нивната одлука која што беше не така мала и кои што ги прочитаа лажните и популистички политики на СДСМ на власт, рече Мицевски.