Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати апел до сите партии во парламентот да ја зачуваат свеста и да изгласаат недоверба на Владата.
– Ова не е игра на 100 метри. Ова е игра која веќе станува хорор, а тој хорор мора да го поразиме. Ќе го поразиме ако смислиме неколку чекори однапред и ќе дојдеме до конечната цел. Затоа бидете трпеливи и тоа ќе се случи. Затоа ги повикувам уште еднаш сите членови во парламентот, сочувајте ја вашата чест и честитост, изгласајте недоверба на оваа влада, ова е моментот да застанете рамо до рамо со граѓаните. Граѓаните тоа го очекуваат. Оваа влада нема веќе никаква поддршка од граѓаните, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба веднаш да поднесе оставка, и оти истото треба да го направи и премиерот Зоран Заев.
– Но, за жал ниту едниот, ниту другиот не го направија тоа, видовме дека интересиме им се исти како и интересите на граѓаните, а тоа се правда, безусловна правда, а не организиран криминал и организирана мафија која што владее со државата, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, по вакво однесување на власта кажа дека интерпелацијата е логичен чекор.