сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски и Заев ќе се сретнат во 13 часот: По неколку одбивања, премиерот денес треба да разговара за овие теми

Мицкоски и Заев ќе се сретнат во 13 часот: По неколку одбивања, премиерот денес треба да разговара за овие теми

По неколку одбивања и несоодветни изјави, денеска конечно во 13 часот во Клуб на пратеници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на владејачката СДСМ, Зоран Заев,  ќе седнат на маса на тет а тет средба.

Ваквата средба доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во интервју во централниот дневник на ТВ Сител го повика Заев на средба каде би постигнале консензус за сите прашања, на што Заев и покрај неколкуте одбивања веднаш се огласи и ја прифати понудата.

Од она што се шпекулира во јавноста, а и што го начна Мицкоски како можни теми за разговор на средбата се одложување на локалните избори, одложување на пописот и формирање на експертска влада.

-Подготвен сум да разговарам на било која тема – за избори, експертска Влада, ширика коалиција, за се. Граѓаните го очекуваат тоа, тие се во грч. За економската ситуација да не зборуваме. Кај некои, личната состојба е на работ на издржливост за пристоен живот. Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот. Го повикувам, се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е навистина искрена. Целта е да се постигне консензус меѓу двете најголеми политички партии, изјави Мицкоски.

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на Фејсбук како одговор на повикот на Мицкоски.

Изминатиот период лидерот на опозицијата Мицкоски во неколку наврати бараше одложување на пописот до септември месец се со цел да се имунизираат попишувачите, а со тоа да се заштити здравјето на граѓаните, како и почитување на изборниот законик за набавка на фингер принтови терминали за локалните избори, но и формирање а експертска влада за национален спас.

Аналитичарите нагласуваат дека со самото тоа што Заев прифатил средба јасно е дека не може да ја игнорира ниту опозицијата, ниту пак лидерот на најголемата македонска партија Мицкоски, но и дека државата влегува во сериозна политичка криза, покрај економската и здравствената.

Според нив, не треба да се очекува многу, бидејќи носени од искуството во минатото се случувало да се договорат за одредени клучни прашања, а подоцна премиерот Заев да го промени ставот, што според нив изгледа многу несериозно однесување.

-Не се знае што точно ќе се разговара, но од она што се пишува во медиумите може да претпоставиме дека ќе бидат прашања од актуелните политички случувања. Верувам дека ќе се донесат разумни одлуки во однос на одложување на пописот, во ова време кога бројот на заразени граѓани и починати секојдневно расте, а Македонија има нула набавени вакцини, да туркаш попис на сила е крајно несериозно од страна на владата и премиерот, но и верувам дека ќе се разговара за изборниот законик, кој е ефектото на носење на закони во собарнието ако самата влада не ги почитува. Што се однесува до формирање на експертска влада може ќе има најмногу натегања, но што и како и дали воопшто ќе се постигне договор и што навистина ќе се случува на таа средба останува да чекаме, вели еден аналитичар.

Најнови вести