Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати телеграма со сочувство до семејството на Абдулаќим Адеми.
-Со жалење ја примив веста за смртта на Абдулаќим Адеми, поранешниот пратеник, министер за образование, министер за животна средина и просторно планирање, заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и генерален секретар на ДУИ. Дозволете ми од мое лично име и од името на партијата, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство и пријатели. Во овие моменти, знам дека не постојат зборови кои може да ја намалат загубата во вашето семејство, но со споделувањето на чувствата се споделува и тагата, стои во телеграмата и се додава:
„Спомените за него нема да избледат, Абдулаќим Адеми пред се како човек, а потоа и интелектуалец остави големи траги кои нема да се заборават. Нека почива во мир“.