Од тоа што го слушам во јавноста политиките се исти што ќе ги води Ковачевски. Јас не видов тој да каже ова ќе го работам, од ова ќе се оградувам, рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.
„Првиот впечаток е дека тој, Димитар Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев. Ако тој е слеп поклоник на политиките на заевизмот тогаш се е исто. Погледнете каков декор е. Каков декор беше на средбите со Заев во Елбасан“, рече Мицкоски.
Според него сега нема ништо ново, туку само слеп поклоник и послушник на политиките на Заев.
„Затоа и за него ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилиото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи“, посочи Мицкоски.