понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски му донесе среќа на Јанша

Мицкоски му донесе среќа на Јанша

Според првите анкети за излезноста, Словенечката Демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша е јасен победник на изборите со околу 24,4 отсто од гласовите.

Во својата кампања, преку обраќање до граѓаните, Јанша посочи дека неговата визија е за Словенија која е повторно вреднувана и почитувана.

-Словенија ќе ни биде прв приоритет односно просперитетот на нашите граѓани. Словенечката и европската рамка за цивилизација секогаш ќе биде она што ќе го браниме во Словенечката демократска партија. Ние сакаме да бидеме пријатели со државите од регионот, изјави Јанес Јанша.

Политичар кој беше дел од кампањата на Јанша е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој  во Цеље, Словенија, се обрати на изборната конвенција на Словенечката демократска партија на Јанес Јанша во текот на кампањата..

Мицкоски пред присутните истакна дека настанот на кој се обраќа е предвесник на промените кои ќе се случат во пријателска Словенија и регионот.

-На овие избори граѓаните ќе одлучуваат која патека да се избере. Јас сум убеден дека Словенците ќе ја изберат вистинската, патеката на стабилност и подобар живот. Посветли денови доаѓаат. Словенија ќе биде промената која Европа чека да ја види. Словенија ќе го означи почетокот на промените во регионот и поразот на владите кои не работат и не придонесуваат ништо за граѓаните, истакна Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека за да се случат тие промени од најголема важност е да се даде понуда која ќе овоможи подобар живот на сите Словенци, понуда која ќе отвори нови перспективи и ќе изгради подобра иднина за сите и за регионот во целина.

-Секогаш може да биде подобро, Словенија заслужува подобро. На граѓаните им е потребен економски раст, перспективи и извесна иднина. Силни индвидуи кои ќе предводат и ќе овозможат шанси за сигурен напредок е она што им е потребно на граѓаните,  изјави во своето обраќање пред присутните Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека Јанес Јанша го има најдобриот тим и дека неговиот стремеж е Словенија која гради мостови, која станува повторно силна, Словенија која е отворена према Светот и има силни пријателства.

-Убеден сум дека Словенија повторно ќе биде лидер во регионот, Словенија која е лидер во промените кои ќе се случат, Словенија која победува, изјави Мицкоски.

 

Најнови вести