понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на самитот во Софија разговараше за актуелните политички и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочува Западниот Балкан

Мицкоски на самитот во Софија разговараше за актуелните политички и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочува Западниот Балкан

По завршување на самитот на Европската народна партија со земјите од Западен Балкан кој се одржа денес во Софија, Бугарија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на истиот се разговарало за актуелните политички но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан.

Исто така Мицковски истакна дека во текот на денешниот ден се остварени повеќе билатерални средби со значајни лидери од Европа, како Себастијан Курц, Доналд Туск, еврокомесарот Јоханес Хан, каде што на истите било дискутирано за моменталната политичка и економска состојба во Република Македонија. На средбите било разговарано и за идните активности кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредниот период.

Ги информирав за протесниот собир кој што ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата планира да го организира на 2-ри јуни пред владата во знак на разобличување на сите оние погрешни политики, во знак на сите оние неостварени ветувања, сите оние неисполнети очекувања кои што ги креираше Зоран Заев и групата околу него во изминатите година дена.Се надевам дека сите оние граѓани кои што се чувствуваат со неисполнети ветувања, сите оние граѓани кои што се чувствуваат обесправени и излажани, сите оние граѓани кои што се против овие ненародни политики на Зоран Заев и групата политичари околу него, ќе ни се придружат и ќе застанат рамо до рамо со нас и ќе го изразат својот револт на 2-ри јуни пред портите на владата на Република Македонија, истакна претседателот Мицкоски.

Претседателот посочи дека од своите соговорници добил поддршка за сите идни чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести