сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не сум некрофиличар за да има избори каде ќе броиме мртви и заразени од корона

Мицкоски: Не сум некрофиличар за да има избори каде ќе броиме мртви и заразени од корона

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за „Отворено студио“ посочи дека сега за сега избори не треба да има бидејќи се уште здравјето на граѓаните е загрозено и во опасност.

Повеќе од 70-тина проценти од граѓаните велат дека не е време за избори. Во ред да речеме дека ние ќе си подадеме рака со СДСМ и ќе идеме утре на избори. И еве ќе ви симулирам тој ден изборен каков ќе биде. Ќе има луѓе со маски, ќе имаме луѓе со ракавици, оние што ќе излезат, ќе излезат 30-40%. Ќе имаме фејсбук и твитер кампања. Ќе немаме можност како пратеници, ајде јас не сум кандидат за пратеник, јас сум кандидат за мандатар, но ќе има луѓе кои што се еве Заев кандидат за пратеник, како ќе се престават, запраша Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ќе има луѓе кои што ќе треба да се претстават пред граѓаните, од врата на врата, да ја престават програмата, на крајот на денот граѓаните гласаат за програма.

Врз основа на кои параметри ние ќе составиме програма сега и ќе ја преставиме пред граѓаните. Не е тоа чесно. Ако сме ја правиле програмата во јануари, февруари, или пак декември за април, сега се сменија економските текови, се смени начинот на живеење. И ние ќе мора да се менуваме. Ќе мора да подготвиме нова програма, нови капитални инвестиции, нови проекти, да бидеме прокреативни, поинаку да размислуваме, појасни Мицкоски.

Мицкоски образложи дека здравјето на граѓаните се уште е загрозено, се уште е во опасност. Како до кредибилни
избори без да се има кредибилна изборна кампања и програма.

Првиот момент кога ние ќе знаеме дека сме ја ставиле пандемијата позади нас, дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, дека ние нема во кампања да броиме новозаболени, или луѓе кои што го загубиле животот. Првиот момент кога ќе имаме фер и кредибилен изборен процес, а нема тоа да биде фејсбук и твитер процес тогаш ќе излеземе ќе се договориме за датум, ќе ја преставиме нашата програма пред граѓаните, ќе излеземе на избори како што било и до сега, ќе се преставиме пред граѓаните и тие нека оценат која опција е подобра, нагласи Мицкоски.

Најнови вести