вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со германската министерка за одбрана

Мицкоски оствари средба со германската министерка за одбрана

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин.

Како што информираат од партијата, на средбата беше потенцирано пријателство помеѓу Германија и Република Македонија, како и стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ и државата за членство во ЕУ и НАТО.

-На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за престојниот референдум. Мицкоски потенцираше дека Договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот, се вели во соопштението.

Соговорниците се согласија дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.

Најнови вести