понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Проблемот со судството е стар проблем кој ниту една влада не го реши

Мицкоски: Проблемот со судството е стар проблем кој ниту една влада не го реши

Реформи во судскиот систем и обезбедување на непристрасност, односно да исчезне клиентелизмот, субјективноста и сервилноста мора да бидат лајт мотив како ќе се реформира судскиот систем, како би требало да функционира во иднина, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на 24 Вести.

-Ова е проблем од осамостојувањето, од државноста, и тоа е императив за нас политичарите како да го надминеме и јас лично како човек во иднина многу ќе се занимавам како да обезбедам независен и комотен, самостојен судски систем во Република Македонија. 27 ноември е еден тажен ден за македонското судство, кога една група луѓе беше приведена, тука се случија многу лични трагедии и не само тоа што не пеестанува, туку интензитететот на притисок се зголемува, се продолжуваат тие притвори без докази, вели Мицкоски.

Најнови вести