Во текот на утрешниот ден во обвинителство ќе биде доставена кривична пријава по член 353 злоупотреба на службена должност. Утре, во текот на денот ќе биде доставена од страна на ВМРО-ДПМНЕ кривична пријава за овој поранешен директор, и тоа е само почеток, а деновиве ќе доставуваме кривични пријави и ќе обелоденуваме коруптивни скандали и за други лица,истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека за се ќе сноси одговорност, за секој коруптивен скандал функционерите на власта има да одговараат пред Законот.
– Јавното претпријатие секоја година објавува тендер за потпишување на рамковна спогодба за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа. И таму потпишале, ги исполниле условите пет економски оператори. Во меѓувреме делот од тој буџет одлучиле да потрошат за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“. Таа улица е во Тафталиџе. Започната е реконструкцијата наводоводната мрежа во јули, и откако им текнало во октомври дека требало да спроведат интерна процедура за набавка помеѓу овие пет компании кои што потпишале рамковна спогодба. Спроведуваат тендерска постапка во октомври и потпишуваат договор во октомври откако замислете мрежата е хлорирана. Има документ за хлорирање на мрежата на 29-ти септември, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека поголеми докази од овој криминал нема. Македонската јавност сама може да увиди. И токму овие луѓе се кандидирани за градоначалници, едниот за Град Скопје, а другиот за една скопска општина.