вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Важно е да има решение со Бугарија за европската иднина, но не по цена да се самопорекнеме

Апелирам Владата на Заев како свој прв приоритет нека ги постави заштита на националните и стратешки интереси и да постигне решение не по цена на самоодрекнување и бришење, решение кое ќе биде гарантор на нашиот идентитет, јазик и посебност и виза за непречен почеток на преговори со ЕУ, вели Мицкоски.
Мицкоски: Важно е да има решение со Бугарија за европската иднина, но не по цена да се самопорекнеме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека важно е земјава да постигне решение со Бугарија, што на Македонија ќе ја доближи од европската иднина, но тоа да не се направи по секоја цена.

-Главниот проблем е што ниту тогаш, ниту денес кога се приближуваме во последните денови од финалните разговори Заев и владата преговараат без притоа да имаме општ политички консензус внатре за едно вакво важно прашање. И затоа меѓудругото барав лидерска средба на која ќе дискутираме и за преговорите со Бугарија и затоа беше важно заеднички да настапиме затоа не може еден човек да разговара во името на сите и да мисли дека може да прифаќа нон пејпери кои никогаш не сме ги анализирале, вели Мицкоски.

Тој посочи дека има став чист како солза.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да прифатиме компромис кој не асимилира, немаме намера да свиткаме кичма. А и ти Заев те повикувам барем еднаш, еднаш во твоето политичко функционирање да не подвиткуваш кичма. Барем еднаш, направи спротивно од се до сега што правиш досега, и исправи се барем еднаш. Ние како нација и држава не можеме да прифатиме да се самопорекнеме, или самоодречеме по секоја цена, јас би рекол по ниту една цена. Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано ќе губиме. Доста е од тоа како држава да даваме се, а да не добиеме барем малку. Не смееме да прифатиме да се самоизбришеме, дециден е Мицкоски.

Најнови вести