недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Власта тоне во криминал, а Заев вели „ако ги сменам нема со кого да работам“

Мицкоски: Власта тоне во криминал, а Заев вели „ако ги сменам нема со кого да работам“

Во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека владата на СДСМ и Зоран Заев тоне во криминал и корупција, а Заев го штити криминалот под оправдување дека доколку ги смени од позиција функционерите ќе нема со кого да работи.

-Грешка е да се даде 36 милиони евра тендер на фирма која постои само 7 дена и да нема никаква одговорност за одговорните, а изговор да биде јас не можам да ги сменам бидејќи немам со кого да работам, вели Мицкоски.

Според него ова не е грешка, туку катастрофа која може да ја прави само СДСМ и Зоран Заев, а на крај ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Најнови вести