четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во притвор лежат невини лица, родољубиви патриоти

Мицкоски: Во притвор лежат невини лица, родољубиви патриоти

Во моментов се претворени лица кои се навистина невини. Обвинети се за дело кое што ја става Македонија како држава со најголем број на терористи во притвор после пост-воена Сирија, што за мене како човек претставува еден загрижувачки момент бидејќи тоа се луѓе кои се професионалци, родољубиви патриоти кои што се држат во притвор.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на гостувањето на МРТ каде одговара на прашањата на повеќе новинари.

Тој истакна дека едно од можните сценарија за во иднина е да се подготви закон за амнестија и тој закон да го поднесат во Собранието.

-За можните идни сценарија, деновиве што идат многу брзо ќе биде јавноста запознаена како ќе функционираме ние како пратеничка група, но и како партија. Мора многу внимателно, да одите чекор по чекор и да ги антиципирате сите. Вие може да влезете во една ситуација кога не ќе можете да одите назад или ќе донесете една одлука која што можеби на среден или долг рок ќе се протолкува дека била погрешна. Затоа е многу важно, суштински е важно да ги антиципирате сите можни ризици пред да донесете одлука како претседател на партија кој се уште ги нема формирано партиските тела, без да има формирано ИК, без да има формирано совети, мора да антиципирате сериозни сценарија и ризици кои ги следат тие сценарија. Внимателно одиме, газиме чекор по чекор, ги анализираме сите можни и потенцијални сценарија, ризици за тие сценарија, така што многу брзо јавноста ќе биде сведок за она што е идна политика на ВМРО-ДПМНЕ и чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе, истакна Мицкоски.

Најнови вести