понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Минусни температури утрово во поголем дел од земјава, најстудено во Берово

Минусни температури утрово во поголем дел од земјава, најстудено во Берово

Температури под нулата утрово се измерени во поголем дел од земјата. Најстудено е во Берово со температура од -8 , -7 во Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -4 Маврови Анови, Kрушево, Куманово, -3 Скопје-Петровец, Битола, Штип, Струмица, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија, Виница, Гевгелија, -1 Охрид, Дебар и 0 степени во Дојран.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежна покривка утрово во 7 часот изнесува 42 сантиметри, 34 во Крушево, 32 Маврови Анови, 16 Ѓуриште, 10 Битола, 7 Пожаране и 4 сантиметри во Претор и Берово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места само од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Најнови вести