понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мирослав Шиповиќ од СДСМ- општина Центар: Просечна плата 4.000 евриќи месечно, отидоа 500.000 евра за безимени кошаркари

Мирослав Шиповиќ од СДСМ- општина Центар: Просечна плата 4.000 евриќи месечно, отидоа 500.000 евра за безимени кошаркари

Дали Мирослав Шиповиќ од СДСМ почна со отворени критики кон градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ? Дали прозивањето на Шиповиќ е насочено кон општинските власти предводени од Богдановиќ и дали почна нов судир во СДСМ- Центар?

Шиповиќ во пост на својот Фејсбук профил пишува дека 500.000 евра од општина Центар отишле за безимени кошаркари.

-Советот на општина Центар го одобрил финансискиот план на КК Работнички. Bye bye 500.000 евриќи отидоа на безимени кошаркари. Просечна плата 4.000 евриќи месечно, без патни трошоци. Ќе биле шампиони оваа година. А салите преполни 100 гледачи у просек, пишува Шиповиќ.

И граѓаните се јавија со коментари за поддршка на фејсбук статусот на Шиповиќ.

Инаку, граѓаните беа револтирани од веста дека околу пола милион евра се предвидени да му се дадат на кошаркарскиот клуб „Работнички“.

Од Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ тогаш на Фејсбук реагираа дека со буџетот за 2018 година, Општината повторно не води сметка за приоритетите и главните проблеми на граѓаните.

Ѓорѓи Спасов до Саша Богдановиќ: Чекав како мајмун пред затворена порта во Центар

 

Политичкиот аналитичар од СДСМ, Ѓорѓи Спасов, неодамна на Фејсбук се пожали дека бил лошо истретиран од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Имено, Спасов во име на куќниот совет на зградата во која живее сакал да се сретне со Богдановиќ, за тој да им помогне околу кровот кој прокиснува. Богдановиќ му закажал состанок, но на состанокот не се појавил

-Од средата до денес барав состанок во траење од 5 минути со градоначалникот на мојата општина Саша Богдановиќ- Српче. Му напишав во порака дека куќниот совет од заградата на ул. Васил Ѓоргов 20 во која има 123 стана од кои 120 гласаат за СДСМ ме овласти од него само да добијам информација за кровот на зградата кој прокиснува а не привилегија и помош. За жал до денес тој нема време. Денес ми рече дека ќе биде достапен по два, два и пол часот. И чекав како мајмун пред затвотената порта на општина Центар а неговиот телефон беше недостапен. Браво. Жал ми што станарите од мојот влез во зградата мислат а и јас им создадов лажна надеж дека од некои избрани функционери на СДСМ може да добиеме барем точна информација и ништо повеќе. Следните 4 години ќе треба да се помириме со тоа што сме го избрале на локално ниво. А од 2007. до денес напишав на илјада страници колумни против режимот на Груевски. Учествував во на 100 тв дебати, во кои ги застапував позициите на СДСМ, и имав чест да бидам дел од тимот што ја пишуваше програмата За живот во Македонија на СДСМ. – напиша Спасов на Фејсбук.

Голем број на граѓани на овој пост тогаш коментираа дека на овој начин “дојде живот“, дека на Богдановиќ  му е поважно да најде повеќе паркинзи на кои ќе може да наплатува и дека цело СДСМ е затворено кон народот. Богдановиќ поради низата критики врати со коментар, но залудно.

Шиповиќ до своите од СДСМ: Упорно чекам Богдановиќ да каже во каква состојба ја презел општината од Жерновски

Во својот Фејсбук пост поранешниот претседател на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, неодамна ги прозива своите сопартијци на чело со градоначалникот Саша Богдановиќ.

-Упорно чекам градоначалникот на општина Центар да објави во каква состојба ја презел општината од неговиот пријател претходник. Сите тоа го сторија, еве и Махо денес, стои во статусот на Шиповиќ.

Инаку претходно неколку месеци наназад Шиповиќ како и новинарката Јорданка Ивановска- Јоци цело време ги прозиваа Општина Центар и Андреј Жерновски преку нивни ФБ постови.

Мирослав Шиповиќ директно го обвини Жерновски за корупција: Тој со своите пајташи направи договор за вонсудско порамнување на 1,5 милиони „евриќи“ во три рати, прекршен е законот

Шиповиќ повторно со обвинувања до градоначалникот на општината, Андреј Жерновски.

-Градоначалникот Андреј Жерновски, со своите пајташи си направил договор меѓу општина Центар и Градежна фирма за вонсудско порамнување во износ од 90 милиони денари или 1,5 милиони евриќи и истите на три месеци се платени, пишуваше Шиповиќ на Фејсбук.

Вели дека со писмен допис бара да му се достави договорот на увид, бидејќи има сериозни индиции оти е прекршен законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

-Таков договор мора да биде одобрен од Советот на општина Центар, а воопшто не е ни разгледан, и градоначалникот не ми го доставува. Што ли крие? Ама аматер е за мене, јас со 40 години искуство, тој со ниедна, ќе откријам се што мува, пишуваше Шиповиќ на Фејсбук.

Шиповиќ, го разоткри и расипничкото однесување на Андреј Жерновски. Поранешниот градоначалник на Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари.

Тој кажа дека градоначаникот лаже дека бил на приватно патување, а излегоа сметки дека тоа го платила општината.

-Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пиша на Фејсбук Шиповиќ.

Шиповиќ и претходно на Фејсбук на Фејсбук откри дека Жерновски си плаќал службени патувања, за кои не побарал дозвола и не поднел извештај за целите на службеното патување, обвини Шиповиќ

-Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ. Секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука Управен одбор(во нашиот случај Совет на општината) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

На крај во статусот Шиповиќ прашува: „А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“.

Инаку токму за годината за која Шиповиќ ги откри информациите дека градоначалникот Жерновски си шетал на сметка на граѓаните на Центар низ Париз се одржуваше Европското првенство во Франција, каде дел од натпреварите се играа на стадионите во овој град, Сент Дени и Паркот на принцовите, кој е дом на најбогатиот тим во Франција ПСЖ.

Центарци беа гневни што градоначалникот на сметка на општината си шета насекаде, додека во Центар има проблеми кои треба да се решаваат, но очигледно како што велат тие градоначалникот си има други приоритети, сопственото задоволстов пред потребите на центарци.

Кај центарци има и сомнеж дали и другите спортски авантури на Жерновски ги плаќале токму они. Жерновски минатите четири години можевме да го видиме на трибините на сите важни настани за македонските репрезентации во странство. Последното патување за кое јавноста знае е патувањето на Жерновски во Келн, на фајнл-форот каде што Вардар ја освои титулата во ракометната Лига на шампиони, иако самиот Жерновски претходно со најпогрдни и навредливи зборови зборуваше за Самосенко, сопственикот на клубот кој ја покори Европа.

Најнови вести