Македонија се сака со многу работа, труд и посветеност. Македонија се сака со нови проекти и подобра економија. Македонија се сака со срце, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Ова е Демир Капија- Смоквица, еден од најубавите проекти во Република Македонија. Ова се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Без блех музика, туку со дела. Нека остане за сите граѓани. Вака се сака Република Македонија, сложно и работно. Ги поздравувам сите што учествуваа на овој проект, бидејќи ова останува за сите граѓани, ова е ВМРО-ДПМНЕ, ова е Македонија, потенцира Мисајловски во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил.