сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Да не губиме време на Груби, тој ја започна својата кариера со национализам кон Македонците

Мицкоски: Да не губиме време на Груби, тој ја започна својата кариера со национализам кон Македонците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно гостување во Дневникот на Сител беше запрашан за последните реакции од посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, меѓу кои и на вицепремиерот Артан Груби кој, меѓу другото, рече дека химната и знамето на Македонија треба да се почитуваат.

Мицкоски истакна дека на него не треба да се троши времето и потсети дека почетекотот на неговата политичка кариера, како и неговите доскорешните ставови му беа радикални со национализам насочен против Македонците.

„Не би сакал да го коментирам господинот кој го споменавте, бидејќи мислам дека јавноста доволно се изнаслушала и за него, но и од него и за него поврзано со разно разни контроверзии, но и од него многу националистички пораки кои што во минатото биле прилично радикални. И ќе ве потсетам дека недалеку од овде на една висорамнина, тој ја започна својата политичка кариера со тоа што имаше јасна порака. А пораката знаете која беше. Исклучително националистичка. И сега да не го губиме времето на него. Тој сега може да се преправа и да кажува, вака или така, но суштината е сосема различна“, рече Мицкоски.

Најнови вести