петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата на ДУИ и СДСМ за 6 години го зголеми долгот за речиси 2,5 милијарди евра за да имаат повеќе пари за наместени тендери, значи постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци

Мицкоски: Владата на ДУИ и СДСМ за 6 години го зголеми долгот за речиси 2,5 милијарди евра за да имаат повеќе пари за наместени тендери, значи постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци

Економската политика на Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ ја доведе Македонија до бездната. Тие не чувствуваат никаква патриотска припадност и должност кон државата и континуирано ја носат во бездна и провалија на начинот на кој тие работат. Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково која е во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

„Ако направиме споредба со регионот, да речеме Србија едно време која беше многу напред сега е позади Македонија некаде отприлика 53,5 проценти, Косово кое се уште реално нема оформено државност е некаде до 20 проценти“, кажа Мицкоски.

Така што политиките на Владата, додаде Мицкоски, се поразени тие капитулираа.
„Капитулираа и на друг план инфлацијата е некаде околу 8,4 проценти, а во еврозоната е 4,3 проценти речиси двојно помала. Што значи тезата дека е увезена не држи. Повторно е уште една лага на власта“, укажа Мицкоски.

Мицкоски објасни зошто сето ова се случувало во изминатите години владеење на СДСМ и ДУИ.
„Владата на ДУИ и СДСМ во овие шест години за речиси 2,5 милијарди евра го зголеми долгот за да имаат повеќе пари за наместени тендери, тендери кои потоа ги договараат во 4 очи или со други зборови кажано постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци кои 6 години ја водат Владата“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести