петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Могерини и Мичел денес во Скопје 

Могерини и Мичел денес во Скопје 

Високата претставничка за недворешни работи на ЕУ Федерика Могерини и помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел денеска ќе престојуваат во работна посета на Република Македонија.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Старата скопска чаршија, каде што ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Мичел, пак, како што соопшти Стејт департментот, ќе има средби со премиерот Заев и со други официјални претставници.

Како што соопштија од владината прес-служба Заев и Мичел по средбата ќе дадат изјави за медиумите пред платото на Владата со почеток во 18:30 часот.

Најнови вести