петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Моментно активни 1920 случаи со Ковид-19, меѓу заразените и вработени во градинки

Моментно активни 1920 случаи со Ковид-19, меѓу заразените и вработени во градинки

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден има регистрирано 134 оздравени, а четири починати лица.

Во Скопје преовладува бројот на активни случаи, и тоа најмногу во Aеродром со 99, потоа во Гази Баба – 71, , Карпош – 66, Центар – 72, Кисела Вода – 53, Чаир – 52 случаи Ѓорче Петров – 33, Бутел – 36, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 11, Сарај – 17, Арачиново – 8, Илинден – 11, Сопиште – 4, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.

Вирусот почна да се шири и во градинките. Заклучно со вчерашниот ден, регистрирани се позитивни случаи во градинките во Скопје, Битола и Свети Николе.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера информираа дека се работи за заболена вработена во градинката Мајски Цвет – Битола – објект „Коца Василевска“. Во другиот случај се работи за вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

Во однос на првиот случај, од страна на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група.

Од Министерството посочија дека согласно проценките на КЗБ, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката.

За сите пет деца кои биле во групата на вработената позитивна на Ковид-19, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23 септември. Во однос на оваа градинка, потенцираат од Министерството, се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

-Вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 9 септември не е на работно место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа, прием на деца и згрижување. Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13 септември не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник, велат од МТСП.

Исто така и вработената во детска градинка „Рахилка Гонева“, Клон 1 во Свети Николе е позитивна на КОВИД-19, покажаа и официјалните резултатите од тестирањето. Поради тоа што имала симптоми на коронавирусот, во средата вратите на овој објект не беа отворени за 110 деца.

Најнови вести