среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Можни се рестрикции и во летниот период, комисијата за задравство подготвува протоколи

Можни се рестрикции и во летниот период, комисијата за задравство подготвува протоколи

Можни се рестрикции и во летниот период со оглед на тоа дека нема докази дека во летните месеци има намалување во однос на ширењето на коронавирусот, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата за здравство ги подготвува протоколите кои ќе треба да ги почитуваат сите компании и институции откако ќе се намалат рестриктивните мерки, а истовремено се вршат подготовки и за евентуален нов пик на вирусот наредната есен.

Дури и во летните месеци некаква рестрикција ќе треба да се воведе, засега не знаеме, останува само да ги следиме бројките, да направиме анализи и да видиме дали некои други фактори влијаат на ширење на вирусот“, рече министерот.
Во следниот период извесно е и отворањето на границите. Филипче рече дека премиерот на Грција се очекува да соопшти како ќе работат нивните хотелски капацитети. Се чекаат и насоки од Светската здравствена организација за начинот на кој ќе се патува летово.

Комисијата за заразни болести подготвува и повеќе протоколи во однос на организацијата на работењето на рестораните, хотелите, училиштата и градинките. Концептот ќе биде презентират кон средината на мај.

Најнови вести