Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-На покана на Амбасадата на САД во Македонија и Американскиот Стејт Департмент Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД. Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија. Во следните денови тие ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.