понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 215 казни за брзо возење

МВР: 215 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 215 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести