Скопското село Кучково од април месец е без вода. Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода, велат жителите за КУРИР.
-Ова е сериозен проблем со кој се соочуваме, секој ден се жалиме во општина ама не ни одговараат, а последниот пат не избркаа од општина Ѓорче Петров. Тука живееме и има над 200 куќи, велат за КУРИР жителите од скопско Кучково.
Последната надеж жителите ја гледаат во медиумите и дека само преку нив ќе допрат до властите за решавање на овој нивни голем проблем.