Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил ја анализира актуелната состојба во македонската политика.
Таа вели дека Али Ахмети имал ценовник за доделување на амбасадорско место.
-Вака сега да ви кажам, јас се обидувам последниве 4 години да вработам Албанец, економист, со познавање на англиски јазик и менаџерско искуство и со магистратура, во мојот институт. И не успевам. Немало пари. А и има една голема мана – одлично го зборува македонскиот јазик. Очигледно за да бидеш вработен Албанец во државна институција во Македонија треба да си или со некој вид на интелектуална попреченост, или близок пријател на Али Ахмети, или насилник или слуга на партијата (најдобро – се заедно). Заборавив, има уште еден начин. Има ценовник на функции и на работни места. Даваш пари на Али Ахмети и си добиваш амбасадорско место. Чиста работа, пишува таа.