вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмногу дожд во изминатите 24 часа во Берово, еве каде биле измерени -4 степени среде април!

Најмногу дожд во изминатите 24 часа во Берово, еве каде биле измерени -4 степени среде април!

Во Маврови Анови изутрина се измерени – 4 степени, а во Претор и Крушево -1, додека во останатите делови од државава утринските темрепатур се над нулата.

Ва изминатите 24 часа до 8 часот во Берово наврнале 20 литри дожд на метар квадратен, 16 во Крива Паланка и Виница, 15 во Маврови Анови и Пожаране, 14 во Прилеп, 13 во Охрид, 11 во Битола,…

УХМР информира дека во текот на ноќта дуваше умерен, а наместа засилен ветер од северен и северозападен правец, кој во Штип достигнувал брзина до 50 километри на час.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Најнови вести