сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најнова анализа на ИЈЗ: Минатата недела од коронавирус починале 66 лица

Најнова анализа на ИЈЗ: Минатата недела од коронавирус починале 66 лица

Во периодот од 6 до 12 декември, тестирани се вкупно 17.997 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.024; 49,0%), со неделна инциденца – 161,5/100.000.

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35% во однос на претходната недела.

Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 2,9% во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (26).

Во однос на возраста, најголем број (87,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).

Најнови вести