понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најстудено утро оваа зима: Во кои градови е -10 степени, а каде има снег?

Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди.
Најстудено утро оваа зима: Во кои градови е -10 степени, а каде има снег?

Утрово во Македонија беа измерени најниски температури оваа зима. Во три градови во Македонија беа измерени -10 степени ова утро во 7 часот, а тоа се градовите Берово, Маврово и Лазарополе.

Исто така далеку под нулата беше и во Крива Паланка и Крушево со -8, Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со -6, Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со -5, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со -4, а во Гевгелија -1.

Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува 8 сантиметри, во Пожаране 7…

Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува умерен ветер ветер, од северозападен правец, долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет, а правецот ќе биде од североисток. Максималните температури од 3 до 8 степени.

Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер. Температурата до 6 степени.

Најнови вести