Најстудено утрово е во Берово со три степени, а најтопло со 14 степени во Дојран.
Според УХМР, до 8:30 часот измерени се пет степени во Битола и во Тетово, шест во Скопје-Петровец, Струмица и Лазарополе, седум степени во Прилеп и Демир Капија, осум во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Куманово и Дебар, девет степени во Гевгелија и Охрид, 10 во Претор, 11 во Попова Шапка и Виница, 12 степениво Маврови Анови, 13 во Крушево и 14 степени во Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност. Во делови од Скопската Котлина, информираат од УХМР, има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен променлив ветер.