сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија

Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија

Во Берово утрово е најстудено, два степена, додека максимални 10 степени се измерени во Гевгелија.

Според УХМР, до 8:30 часот три степени се измерени на Попова Шапка, 4 во Струмица и Лазарополе, 5 во Демир Капија, Претор, Маврови Анови и Крушево, 6 во Прилеп, Крива Паланка и Дебар, 7 во Битола и Охрид, 8 во Штип, Куманово, Виница и Дојран, како и 9 во Скопје – Петровец и Скопје – Зајчев Рид.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен,а во попладневните и вечерните часови на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Најнови вести