понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Наместо секогаш да се поставува прашањето дали има капацитет ВМРО-ДПМНЕ да коалцира со албанска партија треба да се праша што прават албанските партии за да градат коалициски потенцијал со ВМРО-ДПМНЕ“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 рече дека наместо постојано да се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со некоја албанска партија прашањето треба да се постави и на албанските партии дали имаат коалициски потенцијал со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека досега партијата работела принципиелно.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стане партнер со онаа албанска партија со која ќе има заедничка програма за сите граѓани и која што ќе понуди проекти кои ќе значат посреќни граѓани.

Потенцира дека во овој момент гледа такви партии во сите оние кои се идентификуваат како албански партии во Република Македонија.

Најнови вести