петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Нефункционални мерки, паднат систем Мој термин, стотици починати и илјадници заразени дневно е хаосот во здравствениот систем предводен од Сали и Ковачевски“

„Нефункционални мерки, паднат систем Мој термин, стотици починати и илјадници заразени дневно е хаосот во здравствениот систем предводен од Сали и Ковачевски“

Здравствениот систем е во целосен колапс, само за 24 часа изминатото деноноќие во Македонија 21 лице го загубија својот живот и нови 1.254 новозаразени граѓани од КОВИД- 19, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ПМНЕ.

-Додека здравствените власти преку социјалните мрежи се убедуваат кој да биде во нефункционалната Комисијата за заразни болести, секој ден имаме по илјадници новозаразени од КОВИД-19 и без никакви функционални мерки за спречување на ширењето на вирусот. Без никакви мерки, граѓаните се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како што умеат. Со денови се чека за тестирање од КОВИД-19, секој ден матичните лекари се жалат дека системот Мој термин паѓа и не можат да закажуваат прегледи за пациентите, велат од партијата.

Од таму додаваат дека и во целиот овој хаос, министерството за здравство, како и владата на пиунот Ковачевски, решија да започне второто полугодие во образовниот систем, изложувајќи ги децата на ризик од заразување со КОВИД- 19.

-Веднаш се потребни итни мерки за спречување на ширењето на новиот омикрон сој на КОВИД-19. Македонија се претвори во Вухан, само заради неспособноста како на претходниот министер за здравство Венко Филипче кој мислеше само на тендери и провизии, така и на новиот министер Беким Сали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести